Хамбург, Германија, 20 јули 2022
- Голем напредок кон целосно дигитализирана групација
- Рекордна година во откуп на долгови со вкупно 669 милиони евра инвестиции во нефункционални кредити и недвижен имот
Групацијата EOS, меѓународен инвеститор во портфолија на побарувања и давател на услуги за наплата на долгови базирана на технологија, со седиште во Хамбург, продолжи да работи добро и стабилно во турбулентната финансиска година 2021/22. И покрај пандемијата со корона и сè поагресивното пазарно опкружување, вкупниот приход на Групацијата се зголеми за 1,6 отсто. Севкупно, заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) изнесува 282,5 милиони евра - благо намалување во однос на претходната година (312,4 милиони евра). Тоа првенствено се должи на војната во Украина и сметководствените мерки на претпазливост преземени од EOS во овој контекст. Сепак, крајниот заклучок за финансиската година е позитивен бидејќи во 24-те земји во кои е активен EOS повторно беа постигнати силни оперативни перформанси.
„Минатогодишниот успех го должиме пред сè на нашите повеќе од 6000 вработени, кои го прават EOS подинамичен и дигитален секој ден во нестабилен период“, нагласува Марвин Рамке, извршен директор на EOS Group. „Изминатата финансиска година особено се карактеризира со три фактори. Прво, успеавме да ги надградиме нашите основни области на експертиза за купување и обработка на нефункционални кредити и го засиливме нашиот статус како експерти во полето. Ова беше надополнето со одличната меѓународна и прекугранична соработка помеѓу нашите локации во 24 земји. И конечно, растечката автоматизација ни овозможи континуирано да ги подобруваме нашите деловни процеси. Достигнувања во една предизвикувачка година, со кои можеме да бидеме многу горди како тим“, продолжи Рамке.
EOS ја зајакнува водечката позиција и ја води дигитализацијата напред
EOS Group разви многу добра репутација со текот на годините - и како меѓународен давател на услуги за наплата на долгови и како инвеститор во пакети за побарувања (NPL). Со финансиската сила на Otto Group зад себе, EOS повторно можеше да направи значителни инвестиции на пазарот на NPL. Јасниот фокус на автоматизација на процесите, како и употребата на софтвер за наплата на долгови базиран на собирање податоци, исто така, овозможуваат поуспешна и поефикасна обработка на побарувањата.
„Постигнавме ветувачки напредок во однос на заедничкото аналитичко управување со податоците, што јасно ќе нѐ придвижи напред во однос на управувањето со обработката на побарувањата во иднина. Поврзаната инвестиција беше и е голем чекор кон целосно дигитализирана групација“, вели Јустус Хекинг-Велтман, финансиски директор на EOS Group. Развојот и употребата на чет-ботови во комуникацијата со потрошувачите или сервисните портали 24/7, кои се веќе имплементирани во неколку земји, се дополнителни примери за дигиталната трансформација во EOS.
Со својата долгогодишна експертиза како компанија за наплата на долгови и нејзиниот фокус на дигитализација и меѓународно вмрежување, во финансиската 2021/22 година EOS успеа да ја консолидира и дополнително да ја прошири својата водечка позиција во управувањето со побарувањата на многу пазари. Конкретно, финансиската година беше рекордна за EOS во областа на откупот на долгови: Групацијата инвестираше вкупно 669 милиони евра во NPL и недвижен имот во текот на овој период. Со овој резултат значително го надмина обемот од претходната финансиска година.
EOS имплементира амбициозен концепт за одржливост
Со стратегијата за корпоративна одговорност (КО) претставена на почетокот на минатата финансиска година, Групацијата се приближува кон сопствената посветеност за одржливост на структуриран начин и со амбициозни цели. Приклучувањето кон Глобалниот договор на ОН категорично ги нагласува напорите на EOS. Повеќе од 16.000 компании од над 160 земји сега учествуваат во иницијативата на Обединетите Нации, со цел да го направат светот поодржлив и поправеден. Бројните активности за КО на EOS се протегаат многу подалеку од заштитата на животната средина - а социјалната и корпоративната посветеност веќе вроди со плод: Со наградите Top Women Leaders и Златниот медал на реномираната агенција за рејтинг EcoVadis, EOS Group веќе доби две награди за своите напори за КО во текот на изминатата финансиска година.
Постоечките иницијативи за одржливост ќе продолжат да се промовираат во наредната година. „Ние преземаме одговорност - не само за нашите вработени и клиенти, туку и за потрошувачите и целата индустрија за наплата на долгови. Или накратко: промена на подобро“, вели Рамке. „Лично, особено би сакал да го поттикнам прашањето за различноста. Ова е една од најсилните страни на нашата меѓународна групација. Минатата година, на пример, посветени вработени ја основаа ЛГБТК+ заедницата Queer@EOS и женската мрежа W:isible“.
Регионот на Источна Европа води во растот на приходите на EOS Group
Особено регионот на Источна Европа имаше многу пријатен крај на финансиската година, со пораст на приходите за 12,2 отсто во однос на претходната година. Посебно силно се покажаа националните компании од Хрватска, Полска, Србија и Словачка. И покрај стабилните перформанси, заработката (EBITDA) во Источна Европа забележа благ пад. Тоа се должи на билансните мерки на претпазливост во поглед на војната во Украина.
Во делот на откуп на побарувања, обемот на инвестиции во регионот двојно повеќе се зголеми. „Во изминатата финансиска година инвестиравме вкупно 402,5 милиони евра во Источна Европа, од кои 226,5 милиони евра беа во обезбедени побарувања и недвижен имот“, вели Карстен Тидоу, управен директор на EOS Group за Источна Европа. Особено се истакнаа националните компании во Грција и Полска. „За севкупно да имаме уште поголема корист од ова, важно е уште посилно меѓусебно да се поврзуваме со националните компании. Таквиот начин на промовирање на иновациите е нашата цел за следната финансиска година“, нагласува тој.
Дополнителни информации, интервјуа и извештаи за изминатата финансиска 2021/22 година на EOS Group се достапни во областа на виртуелниот печат: https://mk.eos-solutions.com/eos-annual-report-2021-22
За ЕОЅ Group
EOS Group е водечки технолошки инвеститор во портфолијата на побарувања и експерти за обработка на неподмирените побарувања. Со повеќе од 45 години искуство и локации во 24 земји (состојба: од крајот на финансиската 2021/22 година), EOS им нуди на своите приближно 20.000 клиенти ширум светот паметни услуги за сите аспекти на управувањето со побарувањата. Фокусот е ставен на банките и компаниите од секторите недвижнини, телекомуникации, снабдување со енергија и е-трговијата. EOS вработува повеќе од 6.000 луѓе и е дел од Otto Group.
Повеќе информации за ЕОЅ Group: https://eos-solutions.com/
Контакт со медиумите: https://mk.eos-solutions.com/press