- Само 33 проценти од Европејците имаат доверба компаниите соодветно да управуваат со нивните дигитални податоци; во САД, тоа се само еден од четворица потрошувачи
- Банките и компаниите што овозможуваат плаќање онлајн уживаат најголем степен на доверба, додека телекомуникациските компании, малопродажниците онлајн, социјалните мрежи и услугите за пораки се рангирани подолу на скалата на доверба
Место, 6 октомври, 2020 година – Одговорното управување со вредната стока „дигитални податоци“ сега станува поважно од кога било претходно. Бидејќи таквите податоци им помагаат на компаниите подобро да ги разберат нивните клиенти и што тие претпочитаат, како и да одговорат на пазарните трендови. Меѓутоа, подготвеноста на потрошувачите да ги откријат своите податоци круцијално зависи од довербата. Во тој однос, на компаниите не ми одеше многу добро до сега, со оглед дека само 33 проценти од Европејците им веруваат на компаниите да управуваат со нивните дигитални податоци. Државјаните на САД имаат уште помалку доверба (23 проценти), додека Русите се нешто помалку скептични (41 процент). Ова се дел од наодите од неодамнешната репрезентативна анкета насловена „Колкава е вредноста на податоците?“ што ја спроведе давателот на финансиски услуги и инвеститор EOS во 17 земји. Причините за таквиот скептицизам се делумно резултат на лошото искуство со откривањето податоци. Секој четврти или петти потрошувач во даден момент имал негативно искуство онлајн во однос на тоа.
Значителни разлики во нивото на доверба што зависат од секторот и типот податоци
Има јасни разлики од еден до друг сектор: Банките и давателите на финансиски услуги уживаат поголемо ниво на доверба кога се работи за управување со податоците на клиентите (Европа: 54 проценти, САД: 56 проценти, Русија: 54 проценти), иако тоа не е безусловно низ сите земји. Енергетските и осигурителните компании, исто така, се релативно успешни (просечната вредност низ сите земји е 39 проценти). Меѓутоа, постои недостаток на доверба кога станува збор за телекомуникациските компании (28 проценти во просек), малопродажниците онлајн (21 процент во просек) и социјалните мрежи и услугите за пораки (14 проценти во просек). Тоа што луѓето сепак им ги даваат своите податоци на последните (информации за контакт, податоци за движењето, однесувањето при купување и пребарување) може да се објасни со фактот дека корисниците сметаат дека тие податоци се помалку чувствителни. Универзално се смета дека најмногу вреди да бидат заштитени финансиските детали.
Стефан Боверман, Виш офицер за приватност на EOS група
Минимизацијата на податоци и квалитетот на услугите создаваат доверба
Според тоа, давателите на финансиски услуги ќе имаат особена придобивка од повисокото ниво на доверба што го уживаат кога станува збор за употребата на податоците. Меѓутоа, тие треба да воспостават баланс меѓу процесите за оптимизација со помош на што е можно повеќе податоци и да избегнуваат непотребни барања за податоци. Тоа е предизвик со којшто се соочува и EOS. Давателот на услуги за наплата на долгови, којшто ја нарача анкетата, има околу 60 вработени ширум светот во полињата на приватност на податоците и безбедност на информациите. „За да изградиме доверба меѓу нашите клиенти и потрошувачи, во EOS ја нагласуваме минимизацијата на податоците уште кога иницијално ги поставуваме проектите. Наместо да „собираме податоци само поради податоците“, се стремиме кон пристап за минимизација на податоците и истите ги собираме само за специфични цели,“ објаснува Штефан Боверман, Виш службеник за приватност на групацијата EOS Group. Тој работи со своите колеги да ја осигури приватноста на податоците во сите 26 земји каде EOS работи ширум светот. Меѓутоа, од негова перспектива, одговорното управување со податоците е само еден начин за да се воспостави доверба. „Нормално, висококвалитетните производи и одличното ниво на услугата се исто толку важни за да се стекне доверба во една компанија додека таа внимателно управува со податоците што ѝ се доверени,“ вели Боверман.
Естер ван Оирсву, раководител на интеграција на портали EOS технолошки решенија
Минимизација на податоци преку дигитални портали за самопослужување
Еден пример за пристап за минимизација на податоците се услужните портали на EOS, преку кои лицата што не ги исполниле обврските може да ги подмират нивните заостанати долгови. Преку тие портали се собираат само податоци што се неопходни за процесот на плаќање. На тој начин се стекнува доверба, вели Естер фон Оирсоу, Раководител за портали и интеграција во EOS Technology Solutions: „Нашите онлајн портали им овозможуваат на лицата што не ги исполниле обврските едноставен и самоопределен пристап до нивните заостанати долгови. Откако ќе го внесат индивидуалниот број на случај, може да го извршат плаќањето со само неколку кликови. А за повеќето понудени начини на плаќање, воопшто не мора да бидат дадени лични податоци. На тој начин, пречките за плаќање се екстремно мали бидејќи од искуство знаеме дека колку поголема самоопределба и флексибилност ќе создадеме, толку е поголема стапката на плаќање и поголема е довербата во нас.
Постапки потребни преку сите национални граници
Како што покажува анкетата, стекнувањето и градењето на довербата сѐ уште се голема работа во тек за многу компании. Во сите земји, недовербата и скептицизмот од страна на потрошувачите се на слично скалило. Но, јасно е дека дигиталната средина е израмнувач. Ако сакате да бидете дел од дигиталниот универзум, ќе се сретнете со истите глобални играчи и ќе бидете предмет на нивните правила во сите земји. Многу испитаници чувствуваат дека немаат избор кога станува збор за откривање на нивните податоци. Околу две третини од Европејците (66 проценти) и Американците (58 проценти) и четворица од петмина руски потрошувачи се пожалиле дека не се во можност ни да ги користат сите карактеристики на многу онлајн услуги без да ги откријат своите податоци. Покрај тоа, околу 60 проценти немаат доволно информации за тоа како да го спречат или ограничат откривањето на нивните податоци.
За репрезентативната анкета на EOS „Колкава е вредноста на податоците?“ 2020 година
Анкетата на EOS, којашто беше спроведена во партнерство со институтот за истражување на пазарот Kantar пролетта во 2020 година, е репрезентативна за (онлајн) популација на возраст над 18 години во анкетираните 17 земји. За анализата беше употребен примерок по случаен избор од 1000 испитаници од секоја од земјите: Белгија, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Франција, Германија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Обединето Кралство и САД и 300 испитаници од Северна Македонија. Учесниците во анкетата одговорија на прашањата за тоа како лично управуваат и ги откриваат податоците, нивната доверба во компаниите и за нивната подготвеност да ги продадат податоците за компензација.
Повеќе информации за истражувањето може да најдете овде.
За EOS Group
EOS Group е еден од водечките финансиски инвеститори водени од технологија и експерт во обработката на заостанати побарувања. Главниот бизнис на компанијата е купување портфолија со необезбеден и обезбеден долг. Со повеќе од 40 години искуство, EOS им нуди на околу 20 000 клиенти во 26 земји ширум светот паметни услуги за сите нивни потреби за управување со побарувања. Нејзините клучни целни сектори се банкарство, комунални услуги, недвижнини и е-трговија. EOS има вработено повеќе од 7500 луѓе и е дел од Otto Group.
За повеќе информации за EOS Group, Ве молиме одете на www.eos-solutions.com