- Одлична можност за компаниите: Повеќе од една третина од потрошувачите благонаклонети кон „компензација за податоци“
- Мнозинството се подготвени да продадат најмалку една ставка од личните информации на веродостојна компанија
- Подготвеноста за откривање на податоците дури ја надминува побарувачката во некои случаи
Скопје, 6 октомври, 2020 година – Во денешната дигитална средина, податоците како бројот на банкарската сметка, датум на раѓање, детали за здравјето или преференции за купување станаа клучен економски капитал. Затоа управувањето со податоците и нивната вредност, како и причините зошто компаниите сакаат да ги користат, сѐ повеќе се тема на јавна дебата. Истото е потврдено и со неодамнешната репрезентативна анкета насловена „Колкава е вредноста на податоците?“ што ја спроведе давателот на финансиски услуги и инвеститор EOS во 17 земји. Анкетата откри дека повеќе од 60 проценти од потрошувачите во Европа и во САД и дури 70 проценти во Русија веруваат дека компаниите треба да им надоместат на клиентите за употребата на нивните податоци. Повеќе од една третина од испитаници, а во Русија дури и половина од нив, рекле дека се подготвени да дадат одредени податоци, но за возврат да добијат компензација.
Довербата и финансиските награди како двигатели на зголеменото откривање податоци
За луѓето да бидат подготвени да ги откријат личните податоци, од клучно значење за нив е довербата во компанијата или организацијата да управува со нивните податоци одговорно и да се придржува кон релевантните законски прописи. Анкетата на EOS јасно покажа дека мнозинството потрошувачи би продале најмалку една ставка од личните податоци за пари на веродостојна компанија (Европа: 82 проценти, САД: 75 проценти, Русија: 90 проценти). Луѓето се најмалку загрижени за откривањето на одлуки за купување и преференции за производи и брендови, но сметаа дека деталите за сметки/кредитни картички или увидите во нивната банкарска сметка, особено вреди да бидат заштитени. Запрашани за тоа каква специфична компензација претпочитаат, за повеќе од половина од испитаниците материјалните награди и попустите се особено привлечни, додека во сите региони има помала побарувачка за услуги како компензација, при што само околу 20 % ја претпочитаат оваа можност.
Анализата на податоци како основа за модерното управување со побарувања
Прегледот на управувањето со побарувања покажува дека за компаниите вреди да ги мотивираат потрошувачите да ги откријат своите податоци. Бидејќи колку се подобри достапните податоци за купувачите на даден производ или услуга, толку побрзо може да се стапи во контакт со нив во случај на неисполнување на обврската за плаќање. А колку повеќе има веќе достапни емпириски податоци за случаи со побарувања, толку подобро ќе одговара предложениот план за плаќање на рати со финансиската ситуација на клиентот и, како резултат на тоа, толку е поверојатно клиентот да се придржува кон тој план. Поради тоа, Центарот за аналитика игра клучна улога за давателот на услуги за управување со побарувања EOS. Со помош на алгоритмите за машинско учење, неговата централна платформа анализира илјадници случаи со наплата на долгови за да ги утврди најдобрите чекори за обработка што треба да се преземат следно.
Подготвеноста за откривање на податоците дури ја надминува побарувачката во некои случаи
Анкетата на EOS открива дека на еден од петмина потрошувачи веќе му било понудена компензација за да открие одредени детали. Во Европа, тоа е најчесто во Шпанија и Романија, каде што дури еден од четворица потрошувачи добил таква понуда. Во некои случаи, меѓутоа, подготвеноста на потрошувачите да ги откријат податоците всушност го надминува бројот на понудите за компензација од компаниите. „Мислам дека тука сепак има значителни можности и неупотребен потенцијал“, нагласува Јоаким Голер.
Јоаким Голер, раководител на Центарот за аналитика
„Плановите за плаќање на рати веќе се изработуваат врз основа на анализа на интелигентни податоци во многу земји каде што работи EOS“, објаснува Јоаким Голер, раководител на Центарот за аналитика. „Во интерес на сите страни е да се затворат случаите со наплата што е можно побрзо за да се заштедат трошоците на двете страни. А податоците може токму тука да помогнат. Колку поскоро се воспостави контакт и колку се подобри шансите да се исполни договорот за плаќање, толку е поверојатно кредиторот да си ги добие своите пари и потрошувачот да нема долг. Затоа, апсолутно може да биде во интерес на лицата што не ги исполниле обврските да ги откријат податоците.“
За репрезентативната анкета на EOS „Колкава е вредноста на податоците?“ 2020 година
Анкетата на EOS, којашто беше спроведена во партнерство со институтот за истражување на пазарот Kantar пролетта во 2020 година, е репрезентативна за (онлајн) популација на возраст над 18 години во анкетираните 17 земји. За анализата беше употребен примерок по случаен избор од 1000 испитаници од секоја од земјите: Белгија, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Франција, Германија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Обединето Кралство и САД и 300 испитаници од Северна Македонија. Учесниците во анкетата одговорија на прашањата за тоа како лично управуваат и ги откриваат податоците, нивната доверба во компаниите и за нивната подготвеност да ги продадат податоците за компензација.
Повеќе информации за истражувањето може да најдете овде
За EOS Group
EOS Group е еден од водечките финансиски инвеститори водени од технологија и експерт во обработката на заостанати побарувања. Главниот бизнис на компанијата е купување портфолија со необезбеден и обезбеден долг. Со повеќе од 40 години искуство, EOS им нуди на околу 20 000 клиенти во 26 земји ширум светот паметни услуги за сите нивни потреби за управување со побарувања. Нејзините клучни целни сектори се банкарство, комунални услуги, недвижнини и е-трговија. EOS има вработено повеќе од 7500 луѓе и е дел од Otto Group.
За повеќе информации за EOS Group, Ве молиме одете на www.eos-solutions.com