Хамбург, 6 април 2022
Пролетта е време на препородување, а EOS не е исклучок: Групацијата EOS го претстави својот нов корпоративен идентитет. Со новото лого и корпоративен дизајн, меѓународната компанија за финансиски услуги се претставува како модерен играч на европскиот пазар за управување со побарувања. „Со новиот бренд ја зајакнуваме посветеноста што веќе ја пренесовме минатата година со претставувањето на нашето мото „Ги менуваме финансиите кон подобро“, вели Марвин Рамке, кој стана нов извршен директор на Групацијата EOS во февруари. „Со повеќе од 6.000 вработени во 24 земји, постојано работиме напорно за да ја промениме кон подобро финансиската состојба на нашите клиенти, партнери и плаќачите кои не ги исполнуваат своите обврски. Имајќи го ова предвид, сериозно инвестираме во дигитализација и се повеќе користиме процеси на наплата базирани на вештачка интелигенција и нашата меѓународна мрежа“.
Изменетиот дизајн ја одразува промената на EOS
Групацијата, која пријави приходи од 792,5 милиони евра за фискалната 2020/2021 година, има за цел целосно да заврши со воведувањето на новиот бренд на глобално ниво во следните 12 месеци. „Среќна сум што Одборот на директори не се одлучи за еволутивен развој на брендот, туку наместо тоа се осмели да прифати дисруптивен дизајн“, вели Лара Флеминг, виш потпретседател за корпоративни комуникации и маркетинг во EOS. „Ако направевме само мала промена на брендот, немаше достојно да ја отсликаме огромната трансформација низ која EOS помина во последниве години. Сега со нетрпение чекаме да почнеме да работиме заедно со нашите колеги насекаде низ светот за новиот бренд на EOS да стане видлив на сите точки на контакт со нашите клиенти“. Во фокусот на возобновувањето на брендот се нашите клиенти и потенцијалните вработени. „Со новиот идентитет на брендот сакаме да убедиме уште повеќе компании дека EOS е нивниот најдобар партнер за купување и обработка на ненаплатените побарувања“, вели Флеминг. „За да ги исполниме нашите обврски постојано бараме нови таленти низ цела Европа кои можат да ни помогнат да продолжиме напред. Нашите луѓе се нашето најважно богатство. Затоа, ние се позиционираме со високи потенцијали како модерен и атрактивен работодавач“. За возобновувањето на брендот EOS доби поддршка од Syndicate Design AG, водечка агенција за дизајн со седиште во Хамбург.
Новото лого означува интернационалност, фокус и динамика
Новото лого е ослободено од рамката која со години ги врамуваше буквите. „Ништо не треба да застане на патот на нашиот начин на размислување и на нашите постапки“, вели Флеминг. Малата буква „e“ во новото лого на EOS ја отелотворува нашата интернационалност и тековната дигитализација. „На англиски, врвниот глобален јазик, повеќето зборови се пишуваат со мали букви“, објаснува Флеминг. „Покрај тоа, малата буква „е“ е позната и од деловните термини како е-трговија, во кои означува електронски или дигитални процеси. Сметавме дека е многу соодветно да го пишуваме името на нашата компанија со мали букви во логото во иднина“. Големото „О“ во центарот на логото го симболизира фокусот и силната цел на EOS. Незавршеното „s“ на крајот му дава импулс на логото. Ја отсликува жедта за промена на компанија која постојано повторно се открива откако е основана во 1974 година. „Денес светот се менува побрзо од кога било досега. И ние активно ја обликуваме оваа промена. „Ѕ“ во логото вели дека нашиот развој никогаш нема да заврши и дека постојано ќе настојуваме да се приспособиме на околностите“, вели извршниот директор Рамке. „Со новиот бренд, нагласуваме дека сакаме да продолжиме да поставуваме стандарди, во целиот европски финансиски сектор, над и надвор од сегментот за наплата на долгови“.
За EOS Групацијата
Групацијата EOS е водечки технолошки напреден инвеститор и давател на услуги во индустријата за управување со побарувања. Со над 45 години искуство, EOS им нуди на околу 20.000 клиенти во 24 земји ширум светот паметни услуги за сите нивни потреби за управување со побарувањата. Клучните целни сектори на EOS се банкарството, недвижностите, телекомуникациите, комуналните услуги и е-трговијата. EOS вработува над 6.000 луѓе и е дел од Групацијата Otto.
За повеќе информации за Групацијата EOS, одете на: www.eos-solutions.com
Контакт за печат и медиуми:
Марк Хојер, корпоративни комуникации и маркетинг, Групација EOS
Е-пошта: [email protected]
Тел: +49 40 2850 1222